Свет

Велика Британија: „Асда“ со пораст на приходите во првиот квартал

27 May 2024

Компанијата „Асда“ објави дека остварила пораст на приходите во првиот квартал од годинава.

Приходите во овој период, со исклучок на  горивото, се зголемени за 6,6%, на  5,3 милијарди фунти (6,2 милијарди евра), објави компанијата.

 Постигнавме напредок во нашата стратегија овој квартал, поставувајќи ги основите за долгорочен успех, вклучително и завршување на конверзијата на нашите нови локации  за продавниците на „Асда Експрес“. Во исто време, продолживме да нудиме голем асортиман, вредност и удобност, како  и да инвестираме во пониски цени и  во квалитет на нашата храна, во време кога домашните буџети на нашите купувачи се под притисок, рече Мошин Иса, косопственик на „Асда“.

Онлајн продажбата на намирници продолжува да расте во текот на првиот квартал, сочинувајќи 18% од вкупната продажба на храна, а овој раст е поттикнат од порастот на просечните неделни нарачки кој е зголемен за 5,6%.

 Продажбата на намирниците во супермаркетите бележи пораст од 1,3%, а овој пораст е поттикнат од различните акции на компанијата, како што е „Прајс меч“, во чии рамки „Асда“ ги намали цените на 280 производи во просек за 7%.

Компанијата најави и нови инвестиции во намалувањето на цените на стотина производи, а оваа инвестиција ќе биде во вредност од 70 милиони фунти.

 

Извор: ESM magazine

Фото: „Асда“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...