За да ја задоволи потрошувачката за премиум кафе, „Нестле“ го лансира Nespresso на индискиот пазар.
На потрошувачите во Индија, кафето Nespresso ќе им биде достапно онлајн, а покрај тоа компанијата во следниот период планира да отвори две продавници во Делхи.
Nespresso веќе 40 години е посветено во унапредување на искуството со кафето преку својот препознатлив вкус и одржливост. Од 2011 година од Индија го набавуваме зеленото кафе и возбуден сум што гледам дека брендот продолжува да расте на овој пазар кој многу ветува, изјави Џулијан Ле Кунф, извршен директор на компанијата.
Многу сум среќен што Nespersso наскоро ќе биде достапно за потрошувачите, љубителите и познавачите на кафето во Индија, што ќе им овозможи да имаат нови искуства и да го откријат инзвонредното кафе. Во последните години потрошувачката на кафе во Индија доживеа силен пораст, со забележителен тренд кај потрошувачката во домовите. Со својата млада и растечка популација која што е изложена на глобалните трендови и е отворена за нови искуства, Индија е една од најбрзорастечките пазари за кафе на „Нестле“, изјави Суреш Нарајан, генерален директор на „Нестле“ – Индија.
Од компанијата додаваат дека се очекува кафето Nespresso да се најде на полиците до крајот на годинава.
Извор: ESM magazine
Фото: Pexels
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.