Хард-дисконтерот „Лидл“ воведува нов концепт на продавница во Германија и во Белгија.
Додека претходно со години трговецот ги модернизираше и надградуваше своите продавници, сега се движи во спротивна насока и се враќа на традиционалниот концепт без без непотребни додатоци, нудејќи ја само основната услуга.
Како што соопштуваат од „Лидл“, новиот распоред во продавницата не само што има цел визуелно да им овозможи на потрошувачите да го доживуваат трговецот повеќе како дисконтер, туку треба и да им ја олесни работата на вработените со надополнувањето на полиците.
Во Белгија сите продавници на „Лидл“ ќе бидат поедноставени, така што ќе имаат ист распоред. Купувачите треба да ја „препознаат“ продавницата и нејзиниот распоред каде и да се. За вработените, новиот концепт ќе значи зголемена ефикасност.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.