Свет

„Кока кола“ претстави сок развиен со помош на вештачка интелигенција

15 Sep 2023

„Кока кола“ најави лансирање на ограничено издание на пијалак Coca-Cola Zero Sugar, Y3000, развиен со користење податоци што ги собра вештачка интелегенција и повратни информации од купувачите. 

Од компанијата најавија дека Coca‑Cola Y3000 Zero Sugar има подеднакво „футуристички и оптимистички“ визуелен идентитет. Прикажува течност која во „еволуирачка состојба“ го менува обликот и бојата, додека палетата светли бои му дава футуристички изглед. направена е необична мешавина од виолетова, розова и сина боја, со малку заматен логотип што додава дополнителен слој на мистичност. За повеќе забава, QR-кодот на пакувањето овозможува увид во замислената иднина, по 977 години од сега.

Се надеваме дека Coca-Cola сè уште ќе биде релевантна и освежувачка во 3000 година како што е денес, па затоа се предизвикавме да го истражиме концептот за тоа каков би можел да биде вкусот на Coca-Cola во иднината – и какви искуства Coca-Cola од иднината може да отклучи? Бренд-платформата „Вистинска магија“ ги слави неочекуваните врски што го прават обичното необично, така што намерно ги споивме човечката интелигенција и вештачката интелигенција за возбудлив израз на она што Coca-Cola верува дека утре ќе го донесе, изјави Оана Влад, виша директорка за глобална стратегија во „Кока кола“ компанијата. 

Фановите во САД, Канада и Мексико ќе можат да го купат оригиналниот рецепт и варијантата со нула шеќер, додека пак оние во Европа, Африка и Кина ќе имаат достапност само до втората опција.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...