Свет

„Магнит“ оствари пораст на приходите од 7,5% во вториот квартал

04 Sep 2023
„Магнит“ ги објави деловните и финансиските резултати за вториот квартал од 2023 година.
 
Во вториот квартал од 2023 година, компанијата ја зголеми нето-добивката за 3,7% во споредба со истиот период минатата година - на 209,8 милиони евра.
 
Вкупниот приход на компанијата се зголеми за 7,5%, додека продажбата на мало се зголеми за 7,2%. EBITDA се зголеми за 9,7%.
 
Во вториот квартал компанијата отвори 400 продавници, па така во јуни бројот на продавници со кои управува групацијата достигна 28.309 продавници.
 
Like-for-like продажбите се зголемија за 5,4% во првата половина од годината, и за 4,7% во вториот квартал.


@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...