Свет

ЕУ ќе ги ревидира стандардите за овошје и зеленчук

30 Aug 2023

Во Европската Унија со години се поставуваат стандарди што се вклучени во законодавството за тоа колку овошјето и зеленчукот треба да тежат, како треба да изгледаат по боја или по форма.

Не смеат да се продаваат плодовите што се премали или преголеми, имаат необичен облик или различна боја.

Како резултат на тоа, Европската комисија информира дека 30 проценти од овошјето и зеленчукот не ги исполнуваат стандардите за дистрибуција и затоа се преработуваат, се користат како состојки во производи од животинско потекло или во најлош случај се фрлаат. За „несовршените“ овошје и зеленчук повеќе да не бидат грди од гледна точка на регулативата на ЕУ, а со цел да се намали отпадот од храна, Европскиот парламент и Советот сè уште треба да разговараат за тоа како да го променат законодавството.

Се чини дека постои волја да се направи промена за да се намали отпадот од храна што се создава од овошјето и зеленчукот, чиј изглед не ги задоволува стандардите за дистрибуција. Поедноставно кажано, тоа би значело крај на маркетиншките стандарди за овој вид храна.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...