„Лидл“ е првиот синџир супермаркети во Белгија кој воведе опција за праќање дигитални промотивни летоци преку Ватс-ап до купувачите кои ќе ја изберат оваа опција, со цел дополнително да се намали дистрибуцијата на хартиени летоци.
Од компанијата велат дека очекуваат позитивни резултати од дигитализацијата, истакнувајќи дека се зголемува и бројот на корисници на апликацијата „Лидл плус“, која надмина еден милион корисници.
Знаеме дека промоциите се релевантни за потрошувачите повеќе од кога било друг пат. Нашите купувачи многу често користат дигитални канали во потрага по интересни попусти. Од сега им нудиме летоци, на поинаков, дигитален начин, и само ако тие тоа го сакаат, соопштија од компанијата.
Трговецот во мај година престана да праќа хартиени летоци до граѓаните во неколку градови во Белгија. Овој потег го направија и „Карфур“ и „Делизе“, кој го преполови бројот на печатени летоци.
Претходно и „Алди“ во Луксенбург и „Реве“ во Германија преминаа кон дигитални летоци.
Извор: RetailDetail
Foto: Lidl
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.