Свет

Белгија: Трговците ќе мораат да ја донираат храната пред истекот на рокот?

09 Aug 2023

Владата на Белгија се обидува од следната година да ги обврзе сите супермаркети со продажна површина поголема од 1.000 квадратни метри да ја донираат храната што нема да успеат да ја продадат навреме. 

Почната е процедура тоа и законски да се регулира. Предлогот на овој закон веќе помина во прво читање, но уште се чека негово конечно усвојување, информира Алан Марон, министер за социјални прашања. 

Според проценките на „Евростат“, Бирото за сатистика на ЕК, околу 10 отсто од храната на полиците во маркетите на крајот завршува во ѓубре. Во 2020 година тоа беа 59 милиони тони храна. Само во регионот на Брисел околу 70.000 луѓе зависат од донациите во храна. 

Тоа е лоша идеја со добри намери, изјави Ханс Кардин, портпарол на белгиското здружение на трговски синџири. Според него, супермаркетите веќе многу донираат, а со задолжителните донации би бил направен удар врз цените, бидејќи храната пред истек на рокот сега е достапна за потрошувачите по пониски цени. 

Белгија не би била првата држава во која е пропишано донирањето храна. Европската федерација на банки за храна (ФЕБА), која е претставник на 351 банка за храна во 30 држави, има доста различни искуства. Државите како Франција и Чешка ги задолжуваат маркетите да потпишаат договори со организациите кои собираат храна за донации, додека земјите како Холандија и Унгарија преферираат доброволни донации. 

Извор: Vijesti.me
 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...