Свет

„Џамбо“ оствари пораст од 8,8 отсто

07 Aug 2023

Трговскиот синџир „Џамбо“ објави 8,8% пораст на продажбата во првата половина од 2023 година, што е помалку од пазарниот просек од 9,4%.

Компанијата оствари продажба во вредност од 5,96 милијарди евра во првите шест месеци од финансиската година, при што порастот најмногу беше поттикнат од зголемувањето на цените.

Ова не беше нашиот најдобар период. Се соочивме со околности кои бараа големо внимание на домашниот пазар. Мораше да се бориме и со огромните зголемувања на цените, кириите и енергијата, како и со наглото зголемување на колективните договори за плати и падот на довербата на потрошувачите, рече Тон ван Вен, извршен директор на „Џамбо“.

Тој додаде дека трговската компанија има цел во наредните месеци да се фокусира повеќе на цените, асортиманот, услугата и на одржливоста.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...