Свет

Повеќе од 1.000 вработени во „Амазон“ најавија штрајк

01 Aug 2023

Повеќе од 1.000 работници на „Амазон“ од два логистички центри во Англија ќе штрајкуваат на почетокот на август, соопшти британскиот синдикат. 

Причината за штрајкот е несогласување околу платите, пренесе „Ројтерс“.

Овој работнички протест ќе се прошири. Јасно е дека битката за правата на работниците во „Амазон“ само што почнува, рече претставничката на синдикатот, Рејчел Фаган.

Работниците на „Амазон“ во градот Ругели ќе протестираат на 3 и 4 август, а вработените во логистичкиот центар во Ковентри на 4 и 5 август. 

Обединетото Кралство оваа година се соочува со серија штрајкови, при што неодамна протестираа и лекарите специјалисти и помладите лекари.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...