Свет

Русија му ја одзеде филијалата на „Карлсберг“

20 Jul 2023

„Карлсберг“ повеќе нема контрола над работењето на својата филијала во Русија, соопштија од данската пиварница. Рускиот претседател Владимир Путин потпиша указ за одземање на акциите на компанијата. 

Промена во раководството е направена без наше знаење и согласност. „Карлсберг“ работеше во Русија во согласност со локалните прописи, но развојот на настаните е неочекуван, соопштија од компанијата. 

Исто така, уделот на „Карлсберг“ во руската компанија „Балтика“ е ставен под управување на државата. 

Во март минатата година, по руската инвазија на Украина, данската групација објави дека сака целосно да се повлече од рускиот пазар и да го продаде своето работење во Русија. Пред околу еден месец „Карлсберг“ објави дека е најден купувач и дека се чекаат потребните дозволи од руските власти. Потоа соопшти дека изгледите за продажба станале многу неизвесни. 

Под руска државна управа припаднаа и 98,56 отсто акции и од францусаката филијала на млекарницата „Данон“. 

Извор: Biznis.rs
 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...