Свет

„Шпар“ лансира вотка со вкус на малина

14 Jul 2023

Синџирот „Шпар“ влегува на пазарот на ароматизирани жестоки пијалаци со лансирање нова вотка со вкус на малина под своја приватна трговска марка. Според истражувањето што го спровел „Шпар“, вотката од малина моментално контролира 37 отсто од пазарот на ароматизирана вотка. 

Горди сме што ја претставуваме нашата нова вотка со вкус на малина, која го проширува нашиот исклучително популарен асортиман на вотка од приватна трговска марка. Вотка со вкус е растечки сектор на пазарот на алокхолни пијалаци, а внатре во категоријата, малината се покажа како постојан фаворит на публиката. Нашата вотка од малини и дестилирана пет пати и три пати е филтрирана, за да се осигура убаво чувство при голтката и чист, овошен вкус. Знаеме дека ова е одличен, ексклузивен производ за нашите независни „Шпар“ трговци и продавници додека влегуваме во периодот на летото, соопштија од „Шпар“ - Велика Британија.  

Компанијата дополнително прошири уште неколку брендови од приватната трговска марка и додаде нови производи во категориите јогурт, врапови, торти и десерти. 

Извор: FoodBev
Фото: Spar



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...