Компанијата за безалкохолни пијалаци „Пепсико“ по втор пат годинава ја зголеми годишната прогноза за приходите и профитот, користа од големата побарувачка за пакувана брза храна и пијалоци и зголемувањето на цените.
Акциите се зголемија за околу 2 отсто во претпазарното тргување, откако компанијата исто така имаше високи резултати во вториот квартал.Компаниите за пакувана храна ги зголемуваат цените во изминатите две години за да се спротивстават на скокот на трошоците за сè, од суровини како шеќер до транспортни трошоци предизвикани од проблеми со синџирот на снабдување за време на пандемијата и руската инвазија на Украина. Просечните цени на „Пепсико“ скокнаа за 15 отсто во кварталот до 17 јуни, а органскиот волумен се намали за 2,5 отсто.
Од „Пепсико“ соопштија дека очекуваат органскиот приход да се зголеми за 10 отсто до крајот на годинава, што е повеќе од претходната прогноза за раст од 8 отсто. Годишната основна заработка по акција ќе биде 7,47 долари, што е повеќе од претходните проценки од 7,27 долари по акција. Нето приходот во вториот квартал се зголеми на 22,32 милијарди долари од 20,23 милијарди долари, во споредба со просечната проценка на аналитичарите од 21,73 долари.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.