Свет

Pepsi претстави сок со ананас

10 Jul 2023

Почнувајќи од 17 јули, потрошувачите ширум САД ќе можат да добијат Pepsi со ананас при купување пијалак во рестораните на „Литле кајсерс“

Како што наведоа од компанијата, целта на оваа промоција е вечното прашање на потрошувачите: дали на ананасот местото му е на пица? 

Тоа е страствена дискусија која отсекогаш постои. Заедно со Pepsi им пружаме задоволство на сите љубители на ананас, без оглед на тоа што тие мислат за него како додаток на пица. Комбинацијата на ананас и Pepsi сок им нуди на нашите купувачи ексклузивна можност да уживаат во тропскиот вкус на нивниот пијалак со ананас во вид на Pepsi сок, соопштија од „Литле кајсерс“. 

Обожавателите на „Литле кајсерс“ ресторани го ценат одличниот вкус. Уверени сме дека ќе уживаат во Pepsi Ananas, соопштија од „Пепсико“.

Рестораните во иднина ќе овозможат пијалакот да се наручува и без нарачка на пица. 

Извор: Foodandwine
Фото: Pepsi



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...