Свет

САД: „Монстер“ го купува Bang Energy

03 Jul 2023

„Монстер“ го купува „Витам фармацеутикалс“ („ВПХ Спортс“), сопственик на брендот енергетски пијалаци Bang Energy.

Имотот на „ВПХ Спортс“ е проценет на 362 милиони долари, вклучувајќи и депозит од 25 милиони долари. 

Две недели пред склучувањето на договорот за купување, „Монстер“ доби случај на суд против компанијата „ВПХ Спортс“ поради лажно огласување. Како што наведуваат од „Монстер“, „ВПХ Спортс“ лажно го претставила својот пијалак Bang Energy, тврдејќи дека истиот поседува супер креатин. „Монстер“ ја доби тужбата, со што на брендот Bang Energy му е забрането да ги промовира своите производи како креатински и „Монстер енерџу“ доби отштета од околу 293 милиони долари. 

За потсетување, „Монстер бевериџ корпорејшн“ пријави рекордна нето продажба од 1,54 милијарди евра во првиот квартал од 2023 година, што е зголемување од 11,9 отсто во однос на нето -родажбата од 1,38 милијарди евра во истиот период 2022 година. 

Извор: FoodBev
Фото: Bang Energy

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...