Свет

„Лидл“ донира 1,8 милиони оброци за семејства со ниски приходи

29 Jun 2023

„Лидл“ објави дека ќе донира 1,8 милиони оброци за семејства со ниски приходи во текот на летните одмори за поддршка на родителите ширум Велика Британија.

Оброците ќе бидат дистрибуирани преку мрежата на добротворни партнери и други локални организации.

Овој потег на трговецот доаѓа откако истражувањето покажа дека 31% од децата во Велика Британија живеат во сиромаштија.

Покрај донации од продавниците на трговецот, кампањата ќе вклучи и донации од потрошувачите преку кампањата „Good To Give“, која има за цел да ја зголеми нутритивната разновидност на оброците наменети за семејствата на кои им е потребна помош.

Долгогодишното ветување на германскиот дисконтер да помогне во борбата против гладот ​​резултираше со донација на над 25 милиони оброци од 2017 година.

Во „Лидл“ разбираме дека училишниот распуст може да биде исклучително тежок период за многу семејства низ Велика Британија. Семејствата со ниски приходи, кои имаат пристап до бесплатни училишни оброци за време учебната година ја губат виталната поддршка за време на училишниот распуст, што резултира со зголемена побарувачка за донации. Посветени сме да продолжиме да правиме сè што можеме за семејствата кои имаат зголемени потреби во ова време, рече Марк Њуболд, виш менаџер за корпоративна општествена одговорност за „Лидл“ – Велика Британија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...