Свет

САД одобрија продажба на месо одгледувано во лабораторија

22 Jun 2023

Соединетите Американски Држави се втората земја во светот, по Сингапур, која дозволи продажба на месо одгледано во лабораторија.

Две компании, „Апсајд фудс“ и „Гуд меет“ соопштија дека добиле конечно одобрение од американското Министерство за земјоделство за продажба на месо одгледано во лабораторија, што го отвора патот за првата продажба на производот во земјата.

Ова се првите компании кои го завршија процесот на одобрување за таканареченото култивирано месо, кое се добива од примерок од клетки од добиток кои потоа се хранат и одгледуваат во челични буриња. Управата за храна и лекови (ФДА) веќе утврдила дека храната е безбедна за консумирање.

Ова одобрување суштински ќе го промени начинот на кој месото доаѓа на нашата трпеза, изјави Ума Валети, извршен директор и основач на  „Апсајд фудс“. 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...