Свет

„Бери Калебаут“ гради складиште за какао - зрна

01 Jun 2023

„Бери Калебаут“ го најави почетокот на изградбата на нов магацин во Малезија како дел од долгорочното партнерство со транспортната и логистичка компанија „Маерск“.

Како што соопштуваат од кондиторската компанија, магацинот е дизајниран за да го поддржи стратешкиот пораст на „Бери Калебаут“ во земјата и во целиот Азиско - пацифички Регион.

Објектот, кој ќе се наоѓа на 1 километар од фабриката за преработка на какао во Пасир Гуданг, ќе се простира на површина од повеќе од 45.000 квадратни метри и ќе биде опремен со нови технологии и одржливи решенија. Магацинот се очекува да биде завршен до крајот на вториот квартал следната година.

„Маерск“ го поврза „Бери Калебаут“ со Азиско-пацифичкиот Регион на почетокот од 2022 година обезбедувајќи му океански и копнени логистички услуги.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...