Компанијата за свежо и замрзнато овошје и зеленчук „Гринјард“ најави проширување на асортиманот на хербални производи преку аквизиција на холандско-италијанскиот стартап „Џиџи Џелато“.
Стартап-компанијата користи овошје и зеленчук при производството на растителна алтернатива на сладоледот џелато без млечни производи, адитиви или вештачки вкусови.
Од „Гринјард“ велат дека целта им е да ги искористат постојните врски со трговците на мало и партнерите за полесно да ја лансираат оваа нова категорија производи во рамките на замрзнатото овошје и зеленчук.
Ова е важен чекор на патот да пласираме иновативни и практични производи, кои ја стимулираат консумацијата на овошје и зеленчук. Со проширување на палетата на замрзнати производи, оваа револуционерна иновација ќе биде пошироко достапна на пазарот, изјави Коби Ванхаеке, комерцијален директор на „Гринјард фроузн“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.