Австрискиот трговски синџир „Била“ во неколку свои продавници во повеќе градови во Австрија введе по 60 минути дневно за купување во тишина за лица со аутизам. Во тек на „тивкиот час“ потрошувачите ќе можат да купуваат без музика и останатите тонски пораки во маркетите, а пригушено е и светлото.
Вработените во овие продавници поминаа обука за тоа како да постапуваат кон купувачи со аутизам. Трговецот соопшти и дека планира „тивкиот час“ да го прошири и во други места во австриските покраини, и тоа во соработка со локалните здруженија и установи.
За потсетување, кон крајот на април „Лидл“ исто така воведе часови на тишина во своите продавници во ПОлска, во рамки на кои е изгасена музиката и потрошувачите со аутизам можат да користат посебна каса за наплата.
Извор: BIZlife
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.