Новиот „Е.Леклер Експрес“ во Андора содржи опрема посебно дизајнирана за да им го олесни купувањето на луѓето со попреченост.
Опремата и внатрешноста на продавницата (која има 1.700 квадратни метри) се дизајнирани во соработка со консултантската куќа „Аксесбл универзал травел“ и подразбира просторија со ресурси за сензорна саморегулација креирани за лицата со аутизам и посебна опрема за лицата со слаб вид, слепи лица и лица со оштетен слух.
Многу пати земаме здраво за готово дека сите имаме исти способности, а тоа може да биде и стварност ако ги отстраниме бариерите што не раздвојуваат, соопштија од „Е.Леклер“.
Покрај тоа, на сите потрошувачи на располагање им стои робот - асистент кој е задолжен да ги придружува и да им помага во тек на купувањето, како и бесплатна услуга за превоз од нивните домови до продавницата и обратно.
Извор: distribucionactualidad.com
Фото: Dona Secret
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.