Свет

„Хенкел“ го продаде бизнисот во Русија

05 May 2023

„Хенкел“ на 20 април го заклучи договорот за продажба на своето работење во Русија за 54 милијарди рубљи (околу 600 милиони евра), соопштија од компанијата. 

Купувач е конзорциум на локални инвеститори, што ги вклучува „Аугмент инвестментс“, „Кисмет капитал груп“ и „Елбрус сервицес“. 

Неодамна финансискиот директор на „Хенкел“, Марко Свобода објави дека „Хенкел“ како една од клаузулите во договорот за продажба на работењето ја вклучил и можноста за откуп на имотот, по што компанијата објави дека, во контекст на ситуацијата во Украина, одлучила да го напушто работењето во Русија. Истовремено, најави дека 2.500 вработени на таа локација ќе продолжат со работа додека се подготвува заминувањето од државата. 

„Хенкел“ произведуваше детергенти, козметика и производи за лична нега во 11 фабрики во Русија. 

 

Извор: Retail.ru
Фото: Henkel



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...