Свет

Незадоволство во „Делез“

03 May 2023

„Делез“ има намера да ги претвори сите свои 128 супермаркети во франшизни продавници.

Досега, трговецот имаше 636 филијали што работат како франшизи и 128 продавници под сопствено управување. Како што соопштуваат од копанијата, планираната приватизација има цел да ги реструктурира сите продавници во еден модел и пофлексибилно да се приспособи на пазарот што брзо се развива.

Иако од менаџментот на „Делез“ велат дека сите вработени во супермаркетите ќе продолжат да работат под исти услови и ќе ги задржат работните места (со исклучок на работните места во седиштето, кои ќе бидат згаснати), веста одекна како бомба. Синдикатите не биле задоволни затоа што претходно не биле информирани. Оттогаш, многу продавници на „Делез“ се затворени поради штрајкови, а освен тоа, имало блокада во главниот дистрибутивен центар.

Во меѓувреме, повеќе од 200 кандидати се јавиле да ги преземат филијалите и „Делез“ наскоро ќе го почне процесот на селекција.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...