Од прецизна ферментација до клеточно производство, компаниите ги користат најновите технологии за преобликување на начинот на кој се произведува млекото
Приреди: Редакцијата на InStore
Не е спорно дека млечната индустрија е многу комплексна и се соочува со големи предизвици, особено кога станува збор за борба со климатската криза. Поради фактот што млечното производство придонесува за емисиите на стакленички гасови, од клучно значење за индустријата е да продолжи да инвестира во одговорно отстранување отпад, управување со вода и енергија, пакување што може да се рециклира и во обновлива енергија. Исто така, особено е важно лидерите во млечната индустрија да ги поддржуваат сточарите во усвојувањето на зелените практики.
На пазарот се појавија неколку алтернативни стартапи за производство на млечни производи од целиот свет кои настојуваат да ги тргнат кравите од равенката и да создаваат млеко со одржлива иднина. Од прецизна ферментација до клеточно производство, овие компании ги користат најновите технологии за преобликување на начинот на кој се произведува млекото.
При прецизна ферментација, микроорганизмите се користат за производство на специфични функционални состојки. Микроорганизмите се како мали производствени погони, па овој процес им овозможува на производителите успешно да создадат специфични протеини, ензими, витамини, пигменти и масти, кои се многу слични со тие што се добиени од природно одгледано животно. При клеточното производство, млечните производи се добиваат во лабораторија од клетки од живи животни, кои понатаму се развиваат во биореактор.
На пазарот се појавија неколку алтернативни стартапи за производство на млечни производи од целиот свет, кои настојуваат да ги тргнат кравите од равенката и да создаваат млеко со одржлива иднина.
Алтернативната млекарница станува многу конкурентна област благодарение на успешните приказни, како што е „Перфект деј“ со седиште во Калифорнија, пионер во производството на сладолед, крем-сирење и млеко без животни. Како што се зголемува побарувачката за конвенционални производи, на пазарот се одвива и трка за откривање нови алтернативи. Иако во некои поединечни земји, вклучително и во Германија, побарувачката за млечни производи забавува, вкупната глобална потрошувачка е во нагорна линија.
Еколошките импликации од порастот доаѓаат во соодветно време, по предупредувачкиот извештај на Меѓувладиниот панел за климатски промени (IPCC – Intergovernmental Panel on Climate Change), во кој се потенцира потребата од нови прехранбени системи, засновани на алтернативни протеини. Сточарството е дејност што користи огромни количества земја, вода и енергија. Тоа генерира емисии, јаглерод и метан, кои значително придонесуваат за затоплувањето на Земјата.
Иако е широко распространето прифаќањето дека се потребни алтернативи, одредени земји се чини дека не сакаат да го прифатат производството без животни. Нов Зеланд се спротивстави на предлогот за „растителна исхрана“, наведен во резимето на акцискиот план на IPCC. Островската држава беше поддржана од Индија и од Кенија. Документарниот филм „Milked“ (2022 година) ги осветлува етичките и еколошките катастрофи на новозеландската млечна индустрија и накратко ги објаснува алтернативите.
Во продолжение се наведени четири стартап-компании кои ги користат најновите технологии за производство на млеко и млечни производи.
Јужноафриканската стартап-компанија користи прецизна ферментација. De Novo dairy е основана од истите луѓе што го лансираа брендот Gourmet Grubb, сладолед добиен од протеини од инсекти. Претходно коосновачите од компанијата изјавија дека имаат намера да станат првата млекарница со прецизна ферментација на континентот која ќе може да ги произведува сите млечни производи, вклучувајќи го и сирењето.
Засега De Novo dairy произведува протеини со висока вредност што не се од животинско потекло и е во фаза на истражување и развој.
Првата индиска компанија за млечни производи добиени со биоинженерство и микробиолошка ферментација – Zero Cow Factory има за цел да се разликува од огромниот број домашни компании што произведуваат различни видови растително млеко. Компанијата работи на развој на протеини што изгледаат и имаат идентичен вкус со млечните.
Од Zero Cow Factory наведуваат дека нивниот начин на работа има неколкукратно позитивно влијание – поздрави млечни производи, благосостојба на животните и климатска неутралност. За време на производството користи 98 отсто помалку вода во споредба со производството на конвенционалните млечни производи.
Шпанскиот стартап Real Deal Milk користи прецизна ферментација за да создаде казеин (млечен протеин) и протеини од сурутка, кои функционираат исто како и конвенционалните млечни производи. Стартап-компанијата има цел да понуди состојки што ќе им овозможат на алтернативните млечни производи да имаат споредлив квалитет на вкус и текстура со традиционалните, со што го издигнува секторот на повисоко ниво. Како што истакнуваат од компанијата, тие создаваат „автентични млечни производи“ без животни.
Стартапот се фокусира на еколошките и етичките негативни страни на млекарството. Тврди дека од осум милијарди луѓе на земјата, шест милиони консумираат конвенционални млечни производи. Наместо да се зголеми производството на млеко за да се задоволат барањата на растечката популација, Real Deal Milk предлага прецизна ферментација како чиста и одржлива алтернатива.
Со седиште во САД, Pure Mammary Factors е огранок на 108Labs, компанија која се обидува да ги намали трошоците за производство на култивирано млеко преку развој на достапни агенси за нараснување. Додадени во култивирана средина, агенсите овозможуваат побрз производствен процес, а со тоа севкупниот процес чини помалку.
Финалните производи се предвидени да бидат агенси за нараснување, кои можат да се доставуваат на глобално ниво до производителите на замена за мајчино млеко. Произведеното млеко може да се консумира „директно од клетката“ без да се пастеризира, за разлика од повеќето видови млека добиени на традиционален начин.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.