Свет

„Волмарт“ претстави нов дизајн на веб-страницата и мобилната апликација

10 Apr 2023

Почнувајќи од оваа недела, сите купувачи кои ја прелистуваат веб-страницата и апликацијата на компанијата ќе гледаат поголеми и посветли фотографии, видеа и содржини инспирирани од социјалните мрежи за кои „Волмарт“ се надева дека ќе поттикнат повеќе купувања.

Том Вард, директор за е-трговија во „Волмарт“, рече дека целта на новиот дизајн е да го направи онлајн-купувањето полесно и попривлечно.

Кога ќе влезете во продавницата, ќе бидете инспирирани и возбудени од тоа што ќе го видите. Сакавме да ја предизвикаме истата возбуда кај потрошувачите кога купуваат онлајн, објасни Вард.

Потегот на големиот трговец доаѓа во време кога потрошувачите не сакаат толку често да купуваат облека и електроника, додека плаќаат повисоки цени за основните потреби како храна и домување. Според истражувањата во САД, продажбата на овој вид производи се намали за 4%.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...