Свет

„Данон“ се насочи кон Азија за суровини - Европа е скапа

27 Mar 2023

Францускиот производител на млечни производи „Данон“ ќе добива поголеми количества сурутка и алуминиум од делови од Азија за да ги намали трошоците поради повисоките цени во Европа. 

Млечниот гигант многу се потпираше на Европа за суровини. Инфлацијата на трошоците, која започна со проблеми со синџирот на снабдување за време на пандемијата со Ковид-19, но беше влошена од војната во Украина, ја остави индустријата да се бори да ги заузда трошоците и да ги заштити маржите.„Данон“ реагираше со проширување на својата база на суровини на азиските пазари, вклучувајќи ги Индија, Кина и Југоисточна Азија, изјави главниот оперативен директор Викрам Агарвал.

Веќе ја започнавме програмата пред војната во Украина, а последователните ризици за снабдување и зголемените трошоци во Европа ја направија уште поитна, изјави тој.

Млекарите во Франција во последниве години организираа протести поради цените што ги нудат млечните компании, делумно поттикнати од укинувањето на квотите за млеко во Европската унија во 2015 година, како и незадоволството во сточарскиот сектор против построгите еколошки и хумани правила за животните.

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...