Свет

„Амазон“ ќе лансира интернет-сателити во 2024 година

15 Mar 2023

Сателитската интернет-единица на „Амазон“ – „Проџект Квипер“ (Project Kuiper), годинава ќе почне со масовно производство на сателити.

Компанијата „Амазон“ во сопственост на Џеф Безос, соопшти дека планира да ги лансира првите интернет-сателити во вселената во првата половина од 2024 година и наскоро потоа и да им понуди првични комерцијални тестови на корисниците.

Со тој потег „Амазон“ ќе влезе во натпревар со „Спејс икс“ на Илон Маск и со други компании што обезбедуваат услуги на широкопојасен интернет на глобално ниво.

Ќе имаме бета-тестирање со комерцијални купувачи во 2024 година, изјави Дејв Лимп, шеф на одделот за потрошувачки уреди на „Амазон“.

Исполнувањето на целта за 2024 година ќе му овозможи на е-гигантот да продолжи успешно да лансира половина од мрежата „Квипер“ од 3.236 сателити до 2026 година. Според изјавата на Лимп, компанијата планира да произведува  од три до пет сателити дневно за да ја исполни крајната цел.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...