Свет

САД: „Марс“ лансира подвижни продавници за сладолед

09 Mar 2023

Компанијата „Марс“ претстави флота возила што ќе испорачуваат сладолед до потрошувачите ова лето. 

Покренуваме иновации во категоријата „сладолед“ повеќе од 35 години. Сега сме горди што први ги претставивме „Марс сладолед тренди продавниците“, инспирирајќи уште моменти на секојдневна среќа со нашите култни брендови. Одушевени сме што сме партнери на компанијата „Конјур“ и нејзината флота мобилни продавници за на потрошувачите да им обезбедиме производи што ги сакаат и уште повеќе да ја унапредиме малопродажната индустрија, соопштија од „Марс“. 

Од таму велат дека ова партнерство ќе им помогне да го решат најголемиот проблем во индустријата - топење на сладоледот пред да стигне од продавница до домаќинство или преку другите методи на испорака. 

Процесот на нарачување подразбира дека потрошувачите во апликацијата „Конјур“ може да го повика возилото до својата локација, да изберат сладолед по желба и да го платат. Услугата прво ќе биде тестирана во околината на Лос Анѓелес, по што се очекува да се прошири и во други градови. 

Извор: esmmagazine
Фото: Mars

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...