Свет

Германски дисконт влегува во Бугарија

09 Mar 2023

Денеска во градот Перник во Бугарија се отвора првиот од планираните 200 објекти на германскиот дисконт „Теди“. 

Дисконтот продава непрехранбени продукти - производи за дома и за канцеларија, играчки, декорации, козметика, „направи сам“ продукти, подароци, аксесоари за автомобили, велосипеди, енергетски напитоци, градинарски артикли, сезонски производи - за Нова Година, за Валентин, за почеток на учебна година и слично. 

Првата продавница воопшто во државата ќе се отвори на 9 март во „Перник  плаза“ и ќе понуди околу 20.000 артикли, изјави за „Капитал“ Димитар Спасов, управител  на бугарската подружница. Тој има над 20 години искуство во трговијата како директор во „Билла Бугарија“ и „Кауфланд Бугарија“. 

Извор: Kapital.bg 

 

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...