Еден од најголемите фински производители на храна, „Валио“, почна да ја менува амбалажата на производите во согласност со новата директива на ЕУ за пластика за еднократна употреба.
Капачињата на шишињата сега ќе бидат неразделни од пакувањето и заедно со него ќе се рециклираат.
Првите промени на амбалажата ќе бидат видливи во првата половина на 2023 година, додека сите потребни промени ќе бидат направени во рокот предвиден со директивата, односно пред јули 2024 година.
Целта на ЕУ е да се намали количеството пластичен отпад што завршува во животната средина и да се промовира циркуларна економија.
Оваа промена влијае врз повеќето картонски амбалажи за течните производи до три литри со пластични капачиња. Опфатени се околу двесте производи на „Валио“, како што се млеко, павлака, кисело млеко, кремови за готвење, смути, каши и супи од бобинки.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.