Данскиот логистички концерн „Маерск“ договори продажба на две од своите логистички локации во Русија на компанијата „ИГ фајнанс дивелопмент“.
Станува збор за локациите во Новоросијск и во Санкт Петерсбург, со капацитет од 1.500 контејнери.
Договорот е постигнат по добиеното регулаторно одобрување во ЕУ и во Русија, соопштија од компанијата.
„Маерск“, кој вработува 500 работници во Русија, е сопственик на 31 отсто удел во операторот „Глобал портс“, кој има шест терминали во Русија и два во Финска. Компанијата во почетокот на март минатата година го запре превозот на стоки од Русија и во неа, во рамки на санкциите воведени од Москва поради инвазијата на Украина.
Извор: Poslovni.hr
Фото: Maersk
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.