Компаниите во групацијата „Шварц“ се здружија и испратија заедничка донација од милион евра за Турција и Сирија, државите погодени од земјотресот.
Заедничката донација е врачена како итна помош за германскиот Црвен крст, што ќе им овозможи на спсувачите во зоните на земјотресот да ги искористат средствата за пружање на потребната помош на лице место.
Компаниите во „Шварц“ вработуваат многу луѓе кои имаат семејни врски во подрачјата на земјотресот. Нашите мисли се со нив и со жртвите на катастрофата, соопштија од групацијата.
Овие компании минатата година донираа и производи од околу 10 милиони евра за помош на погодените од војната во Украина.
Со овој потег, „Шварц“ им се приклучи на другите трговци кои донираа средства за граѓаните во Турција и во Сирија, меѓу кои се „Теско“, „Алди“, „Асда“ и М&С.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.