Свет

Иницијатива за единствен пазар во ЕУ

31 Jan 2023

 

„Еурокомерц“, главната европска организација што го претставува секторот за малопродажба и трговија на големо во Брисел, ги повика Европската Унија и земјите-членки да се справат со фрагментацијата на единствениот пазар која, според нив, е предизвикана од големите производители на стоки за широка потрошувачка.

Според Европската асоцијација на трговци, производителите ја ограничуваат слободата на малопродажните компании да ги добиваат најдобрите понуди и вештачки ги зголемат цените за потрошувачите.

Овие ограничувања, наречени територијални ограничувања за набавка, се практики наметнати од доставувачите. Тие ги принудуваат трговците на мало да набавуваат домашни производи или ги спречуваат од „паралелна трговија“ со други земји-членки.

Според здружението, ограничувањата имаат цел да го сегментираат пазарот и да одржуваат значителни ценовни разлики во различни земји. Тие ги спречуваат трговците да купуваат стоки слободно од земји по нивен избор. Ако трговците се обидат да ги заобиколат територијалните ограничувања за набавка, доставувачите на големите брендови имаат пазарна моќ да ги намалат или ограничат набавките.

Тоа значи дека на потрошувачите во одредени земји често им се наплаќа повеќе или имаат пристап до помалку производи. Европската комисија процени дека овие пазарни ограничувања ги чинат европските потрошувачи најмалку 14 милијарди евра.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...