Свет

Нов асортиман од „Фереро“ за Денот на вљубените и за Велигден

25 Jan 2023

„Фереро“ претстави две нови линии производи за Денот на вљубените и за Велигден. 

Минатите неколку години луѓето продолжија да се свртуваат кон чоколадо и слатки производи за посебни моменти, а ние се радуваме што ќе им помогнеме на семејствата и пријателите да се соберат и да создадат заеднички спомени со нашето експанзивно портфолио производи, соопштија од „Фереро“ - САД. 

Новиот асортиман во пресрет на Денот на вљубените вклучува , меѓу другото, слатки под брендовите Butterfinger Valentine’s Minis, Crunch Valentine’s Minis и 100 Grand Heart, како и мешани пакувања за љубителите на сите достапни производи од овој асортиман. 

Велигденскиот асортиман, од друга страна, ги вклучува Ferrero Rocher Easter Milk Hollow Egg, Ferrero Rocher Golden Eggs, Kinder Bueno Mini, Butterfinger Minis Basket Filler, Butterfinger Minis и Crunch Minis. Да потсетиме, и „Фереро“ - Велика Британија најави дека ќе претстави нови производи во рамки на велигденскиот асортиман за 2023 година. Новиот асортиман вклучува две слатки пакувања,  Ferrero Rocher Egg и Ferrero Collection (Milk) Egg, кои содржат чоколадно јајце од 175 грама и по шест Ferrero Rocher топчиња. Покрај тоа, производителот ќе претстави и нов чоколаден зајак од 100 грама за Велигден.  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...