Свет

„Марс“ претстави три нови сладолед - производи

16 Jan 2023

„Марс“ во своето портфолио сладоледи додаде три нови производи под брендовите M&M's, Twix и Dove. Новите производи вклучуваат  M&M's сендвич со сладолед, Dove мини сладолед од ванила со црна чоколада и бадеми и Twix сладолед од тесто за колачи.

„Марс“ е возбуден што ја почнуваме Новата година со најава за три нови, вкусни сладоледи. Знаеме дека претставувањето нови видови и вкусови на сладоледи може да им донесе на фановите повеќе моменти на среќа, радост и заедништво, поради што нашите вкусни сладоледи ги ставивме во пар со некои од нашите најпознати брендови како што се  Dove, M&M's и Twix. Нашите нови понуди им ветуваат на потрошувачите вкусно искуство со сладолед во кој може да се ужива во тек на целата година, соопштија од „Марс“. 

Новите сладоледи ќе бидат достапни од март, првично во САД.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...