Свет

„Амазон“ затвора три магацини во Велика Британија

11 Jan 2023

Американската компанија за онлајн продажба „Амазон“ соопшти дека планира да затвори три магацини во Велика Британија, што ќе значи отпуштање на 1.200 вработени.

„Амазон“ со седиште во Сиетл минатата недела објави дека планира да укине повеќе од 18 илјади работни места, штр би било последно во серијата отпуштања што го зафатија секторот. Истовремено, вработените во магацините на „Амазон“ во Велика Британија бараат зголемување на платите, а околу 300 од нив планираат да штрајкуваат на 25 јануари. 

„Амазон“ вработува повеќе од 1,5 милиони работници на глобално ниво и се подготвува за забавување на растот на бизнисот бидејќи зголемената инфлација ги принудува бизнисите и потрошувачите да ги намалат трошоците. Во пресрет на очекуваната рецесија и поради послабите деловни резултати, отпуштања во претходните месеци веќе најави, меѓу другото, и „Мета“, компанијата во чии рамки работат Facebook и Instagram, како и американската софтверска компанија „Мајкрософт“



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...