Свет

„Амазон“ ќе отпушти 18.000 работници

09 Jan 2023

Извршниот директор на „Амазон“, Енди Џеси, објави дека компанијата планира да отпушти повеќе од 18.000 работници. Џеси ја објави информацијата за отпуштањето на веб-страницата на „Амазон“, пренесува „Ројтерс“.

Разговорите со работниците ќе започнат на 18 јануари и дека погодените од отпуштањата ќе добијат помош во форма на отпремнина и поддршка за наоѓање друга работа.

Најпогодени од отпуштањата ќе бидат секторите на онлајн продавницата „Амазон сторес“, како и секторите за управување со човечки ресурси, се вели во соопштението.

„Амазон“ вработува повеќе од 1,5 милиони работници на глобално ниво и се подготвува за забавување на растот на бизнисот бидејќи зголемената инфлација ги принудува бизнисите и потрошувачите да ги намалат трошоците. Во пресрет на очекуваната рецесија и поради послабите деловни резултати, отпуштања во претходните месеци веќе најави, меѓу другото, и „Мета“, компанијата во чии рамки работат Facebook и Instagram, од која беше најавено дека ќе отпуштат повеќе од 11.000 работници, како и американската софтверска компанија „Мајкрософт“, која најави дека ќе отпушти околу 1.000 од нив.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...