Свет

„Хенкел“ го продава бизнисот во Русија

26 Dec 2022

„Хенкел“ ја завршува продажбата на своето работење во Русија и планира тоа да го направи во многу блиска иднина, откако претходно најави дека ќе се повлече од Русија до крајот на 2022 година. 

Компанијата веќе го покрена процесот на продажба. Од таму соопштија дека по објавувањето на продажбата имало многу подносители на барања, но сега се останати само тие кои можат да дадат достојна и сериозна понуда и покрај тоа, да ги исполнат условите за почитување на санкциите. 

Процесот е во тек и сакаме брзо да го завршиме, соопштија од „Хенкел“. 

Рускиот пазар беше важен за компанијата - годишниот прихот достигна до над милијарда евра, при што компанијата работеше на 11 производствени локации со 2.500 вработени во Русија.  



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...