Свет

Европски гигант вложува 40 милиони франци во Украина

14 Dec 2022

Швајцарскиот прехранбен концерн „Нестле“ најави вложување 40 милиони швајцарски франци во отворање на нов производствен погон во западна Украина.

„Нестле“ е една од ретките меѓународни компании кои најавија нови вложувања во Украина по почетокот на руската инвазија во февруари годинава, пренесе „Ројтерс“. Ова е важен потег на „Нестле“, преземен во многу предизвикувачко време за Украина. Целта ни е да воспоставиме прехранбено и кулинарско средиште, осигурувајќи нови работни места и подмирувајќи ги потребите на Украинците и сите европски граѓани со производи со висок квалитет, рече главниот извршен директор на „Нестле“ за пазарот на југоисточна Европа, Алесандро Занели.

Планирано е да се отворат 1.500 нови работни места. „Нестле“ веќе има околу 5.800 вработени во Украина. Новата фабрика е наменета за зголемување на производство на студени сосови, зачини, супи и инстант храна, со кои би се снабдувал домашниот и европскиот пазар.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...