Дисконтерот „Пени“ воведе шкафчиња за пакетите на „Амазон“ на 47 продажни места низ Австрија, овозможувајќи им на потрошувачите да добиваат пакети 24/7.
До крајот на годината, уште 31 продавница низ Австрија ќе бидат дел од иницијативата, истакна дисконтерот.
Шкафчињата може да се користат за примање и испраќање пакети. Купувачите можат да изберат продавница по свој избор како точка за подигање за време на процесот на нарачка.
И двете страни имаат корист од оваа соработка, која меѓу другото ќе придонесе за зголемување на бројот на посети на нашите продавници и привлекување нови купувачи за двете компании. Покрај тоа, сега можеме да им понудиме уште повеќе услуги на нашите купувачи: тие можат да ги подигнат своите пакети во најблиската продавница на „Пени“, а потоа да дојдат кај нас да пазарат, рече Ралф Тешмит, извршен директор на „Пени“.
Актуелниот преглед на сите продавници со Amazon Locker може да се најде на веб-страницата на продавачот.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.