Свет

„Била“ претстави нов концепт на продавница

07 Sep 2022

Австрискиот синџир супермаркети „Била“ лансираше нов концепт на продавници кој се фокусира само на производи од растително потекло. Овој потег доаѓа бидејќи популарноста на растителна храна продолжува да се зголемува во Австрија.

Неодамнешното истражување нарачано од „Била“, која работи во рамките на „Реве груп“, откри дека 46% од Австријците свесно го намалиле внесот на производи од животинско потекло, вклучително и месо, во последниве години. Покрај тоа, 28% од испитаниците на возраст од 18 до 29 години повеќе не јадат месо.

Новиот концепт се вика Billa Pflanzilla и е првиот комплетно хербален асортиман во Австрија.

Со новиот концепт успеавме да реализираме уникатен проект. Со големо нетрпение ги очекуваме првите клиенти и убедени сме дека исполнуваме важна потреба на потрошувачите за овие производи и во исто време придонесуваме за посвесна и одржлива потрошувачка. Заедно можеме да го искористиме огромниот потенцијал на храната од растителна основа, нудејќи го не само тоа што е најдобро за нашите потрошувачи, туку и за животната средина, рече извршниот директор на „Реве интернационал“, Марсел Харашти.

Новата продавница се простира на површина од над 200 м², со простор за повеќе од 2.500 чисто растителни производи.

Палетата вклучува месо од растително потекло, колбаси и млечни производи, смрзнати производи, грицки, пекарски и кондиторски производи, како и основни производи како што се житарки, јаткасти плодови, овошје и зеленчук.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...