Свет

„Лидл“ и „Делез“ ги повлекоа производите на „Данон“ поради превисоките цени

01 Sep 2022

Неколку трговци кои работат во Белгија, меѓу кои и „Делез“ и „Лидл“, моментално не продаваат производи на „Данон“ поради барањата на компанијата за „неприфатливи“ поскапувања на нивните производи.

Портпаролот на компанијата „Делез“ - Белгија Роел Декелвер признава дека тешките преговори се причина за овие празни полици.

Оваа година, доставувачите почнаа да преговараат за зголемување на цените почесто од вообичаено. Не успеавме да ги усогласиме барањата на компанијата со моменталната ситуација со која се соочуваме ние и нашите потрошувачи. Знаеме дека ова е незгодно за нашите потрошувачи, но имаме широк асортиман на млечни производи и има многу алтернативи за производите на „Данон“. Единствено решение е заедничката работа, рече Декелвер.

Освен „Делез“ и во маркетите на „Лидл“ има празни полици, а потпаролот на „Алди“ Џејсон Севестре потврдува дека и овој трговец има проблеми со новите барања.

Како и „Делез“, така и „Данон“ се соочува со невидени пазарни услови, особено со зголемување на цените на суровините и енергијата. Во овој контекст, ние работиме заедно со нашите доставувачи и малопродажни партнери за да ги оптимизираме трошоците и да го намалиме влијанието врз потрошувачите колку што е можно повеќе. Бидејќи нашите преговори за цената со „Делез“ и „Лидл“ сè уште се во тек, не можеме да продолжиме со нашиот бизнис како и обично, што резултира со недостиг на стоки на залиха. Посветени сме на конструктивен дијалог и тесно соработуваме со овие трговци за да продолжиме со испораките што е можно поскоро, рече портпаролката на „Данон“, Натали Гијом.

Таа забележува дека неколку други трговци на мало, вклучувајќи го и лидерот на пазарот „Колруит“, сè уште продаваат производи на „Данон“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...