„Лидл“ ќе отстрани некои артикли од својот асортиман непрехранбени производи до крајот на годината, затоа што купувачите решиле да штедат.
Дисконтите и супермаркетите веќе не продаваат само намирници, туку и алати, украсни предмети, облека....„Лидл“ нуди и неделни променливи зделки за алати, облека, куќни производи и електроника, кои исто така може да се најдат во онлајн асортиманот на дисконтот Оваа понуда, збогатена со попусти, е навистина профитабилна за гигантот. Од друга страна, делот за намирници, кој е и најпрофитабилен продажен простор, во последно време има проблеми со нарушените синџирите на снабдување и последователните големи проблеми со испораката. И покрајт тие предизвици, дисконтот увидел дека бизнисот со артикли чии цени се повисоки од 20 евра пропаѓа во изминатите неколку недели и месеци. Дисконтот се сомнева дека зад ова стои стравот од постојано зголемување на трошоците за енергија – клиентите стануваат се поштедливи.
Ова е причината зошто Лидл нарача значително помалку производи од непрехранбениот сектор за 2023 година.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.