Свет

„Алди“ донира 80.000 парчиња опрема за бебиња

11 Aug 2022

„Алди“ - Велика Британија донира 80.000 артикли од својот „мама“ асортиман на хуманитарни организации и банки за храна кои им помагаат на младите родители со ниски примања. 

Истражување што го спроведе трговецот откри дека повеќе од половина (55 отсто) од новите родители тешко може да си ги дозволи основните производи за своите деца, при што 3 од 10 (29 отсто) работат без храна за да можат да му купат основни работи на новороденчето. Ова има најголемо влијание во Јоркшир и Лондон.  

Кризата со трошоците за живот влијае на сите нас, но грижата за децата - нешто што би требало да биде толку возбудливо - создава дополнителен стрес за луѓето со најниски приходи. Во „Алди“ сме посветени на пружање поддршка на оние на кои им е најпотребно. Загрижувачки број родители имаат сериозни проблеми и затоа сакаме да ги поддржиме со оваа донација, соопштија од „Алди“ - Велика Британија.  

 



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...