Францускиот трговец „Карфур“ има намера да отвори 95 продавници во Италија годинава, со што ќе достигне до вкупно 1.500 продажни места низ целата земја, вклучувајќи продавници во директна сопственост и франшизи.
Ова следува по неодамнешниот договор на трговецот со „Апулиа дистрибуционе“ за интеграција на 38 продавници на Сицилија под брендот „Карфур“, како и купувањето на 14 продавници „Унес“ во Ломбардија, кои ќе работат како франшизи.
Освен на зголемување на физичката продажна мрежа, стратегијата на „Карфур“ е да се фокусира и на дигиталните иновации, со зголемување од 50% на инвестициите од 3 милијарди евра од 2022 до 2026 година.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.