Свет

Се здружуваат „Нилсен IQ“ и ГфК

01 Aug 2022

Двата лидера за глобални информациски услуги – „Нилсен IQ“ и ГфК на 1 јули објавија договор преку кој компаниите планираат да ги здружат силите.

Со спојувањето на облак - платформата Connect и омниканалните технологии за мерење на „Нилсен IQ“ со неодамна лансираната аналитичка платформа GfKnewron на ГфК, ќе станеме вистински лидер во аналитиката, се истакнува во соопштението на компаниите.

Двете компании, кои заедно имаат речиси 200 години искуство, цврсто веруваат во стратешките предности на здружувањето и имаат намера работењето да го прошират и географски и вертикално.

Трансакцијата се очекува да биде затворена кон крајот на годинава или почетокот на следната година. Дотогаш, „Нилсен IQ“ и ГфК ќе работат како независни компании



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...