Свет

Експанзија на е-трговецот „Ролик“

29 Jul 2022

Чешкиот оператор за онлајн-испорака „Ролик“ е на пат на голема европска експанзија.

Освен постојните пазари во Чешка, Австрија и во Унгарија, „Ролик“ лани почна да работи и во Германија, под името Knuspr.de. Неговите услуги се достапни во Минхен и во Франкфурт, но плановите се за проширување во повеќе германски градови.

Од неодамна е-трговецот пристигна и во Шпанија под брендот Sezamo, почнувајќи од градското подрачје на Мадрид. Плановите се да формира технолошки центар во Барселона и да инвестира повеќе од 50 милиони евра во Шпанија. Првично, компанијата ќе понуди над 8.000 производи, вклучително и свежи. Во понудата е вклучена достава до дома за помалку од три часа.

Е-трговецот имаше голема корист од брзиот премин кон онлајн-купување за време на пандемијата и како што велат од компанијата, досега не е забележано забавување на порастот. „Ролик“ забележа годишен пораст на нето-приходот од 53% на 490 милиони евра и достигна до повеќе од 1 милион купувачи. Следни земји на агендата за проширување на компанијата се Италија и Романија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...