Свет

„Алди норд“ објави линија на облека направена од 100% органски памук

08 Jul 2022

„Алди норд“ се приклучи на проектот Cotton in Conversion обезбедувајќи им ги ресурсите што им се потребни за целосна транзиција кон органски памук на над 1.000 индиски фармери.

Cotton in Conversion е проект кој се спроведува повеќе од 10 години и има за цел да премине на органски памук.

Минатата година, дисконтот продаваше облека и домашен текстил, од кои повеќе од 80% беа направени од сертифициран памук. Сепак, ова не е првиот напор на компанијата кон одржлив бизнис. За потсетување, групацијата „Алди“ во март 2016 година почна кампања во која се продаваа маици од сертифициран органски памук.

Компанијата наведува дека нивната цел е до 2025 година да користат 100% еколошки памук за производство на облека и домашен текстил под нивните приватни етикети.

Облеката создадена како дел од проектот ќе се продава од 2023 година во Белгија, Германија, Холандија и Португалија, а подоцна и во други земји каде што работи „Алди норд“, вклучително и во Полска. Производите ќе ја носат ознаката „Ecological in Conversion“, што ќе го направи проект потранспарентен за потрошувачите на „Алди“.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...