„Кока - кола“ го лансира специјалниот вкус на пијалакот Marshmello’s Limited Edition Coca - Cola, создаден во партнерство со популарниот американскиот продуцент на електронска музика и диџеј Маршмело. Станува збор за газиран пијалак со вкус на лубеница и јагода.
И овој проект е дел од големиот план за иновации на „Кока - кола“ за „неочекувани мешавини“, кој има за цел да го направи брендот попривлечен за помладите потрошувачи со специфични вкусови кои бараат нешто поразлично од стандардните и вообичаени газирани пијалаци.
Ограниченото издание на пијалакот ќе почне да се продава во САД од 11 јули. Потоа ќе се пробива и во неколку други земји низ светот. Со цел промоција на новиот пијалак, “Кока - кола“ и Маршмело Coca-Cola ќе реализираат повеќе дигитални активности на различни социјални мрежи и видео - стриминг платформи, а напорите ќе вклучуваат и креација на персонализирана дигитална уметност за фановите, создадена со помош на вештачка интелигенција.
Првично, во февруари беше лансиран Coca - Cola Starlight, чиј вкус беше инспириран од „длабоката вселена“. Потоа, во април, брендот го лансираше пијалакот Coca-Cola Byte со вкус на „компјутерски пиксели“.
@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.