Свет

„Казино“ конвертира 25% од хипермаркетите

08 Jun 2022

Трговскиот синџир „Казино“ ја трансформира мрежата хипермаркети, канал кој бележи загуба во последните неколку години.

Пред десет години трговецот имаше 125 хипермаркети „Жиан“ во Франција. Пред неколку месеци останаа само осумдесет продавници, а во следниот период дваесет од нив ќе бидат трансформирани во супермаркети на „Казино“.

Со години трговецот на мало работи на стратегијата за форматот хипермаркети, односно ги затвора, им ја намалува површината или ги конвертира во друг формат. Трговската компанија забележа пад во бизнисот со хипермаркети и како што најавува нејзиниот менаџмент, повеќе се фокусира на форматот на к-продавници (C-store, convenience stores) и на каналот за е-трговија.



@InStore.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира. 





Се вчитува следна вест...